во

„Своја на своето“: Започна кампањата „16 дена активизам“ со фокус на економското насилство врз жените и девојките

Под слоганот „Своја на своето“, во земјава започна глобалната кампања „16 дена активизам против родово базираното насилство“, со посебен фокус врз економското насилство како скриен облик на злоупотреба и јасна порака дека заштитата на жените и девојчињата мора да трае 365 дена во годината!
Берово те очекува
Pine & Co. – сместување во Берово, Македонија

Под мотото „Своја на своето“, официјално започна годинешната кампања „16 дена активизам против родово базираното насилство“, придружена со гласно барање за правда за жените и девојчињата и повик за активно вклучување на сите сегменти од општеството во текот на целата година, а не само во рамките на овие шеснаесет дена. Додека на глобално ниво иницијативата се темели врз три главни столба – кревање на гласот, верување на лицата кои претрпеле насилство и барање правда – на национално ниво годинава посебен акцент се става врз економското насилство врз жените и девојките. Целта е да се подигне јавната свест за скриените форми на злоупотреба кои често остануваат занемарени, иако неретко претставуваат директен вовед во потешки и понасилни облици на малтретирање.

Националната кампања е резултат на заедничка организација на сите агенции на Обединетите нации во земјата, Делегацијата на Европската Унија, Мисијата на ОБСЕ во Скопје, повеќе амбасади и бројни институционални и граѓански партнери, со што се потврдува широката и обединета посветеност за спречување и искоренување на насилството врз жените и девојчињата.

Соочена со растечката загриженост поради зголемениот број пријавени случаи на родово базирано насилство и фемициди во Северна Македонија, кампањата испраќа децидна порака дека секоја пријава мора да биде проследена со брза, координирана реакција насочена кон преживеаната. Истовремено, се упатува повик за доследна примена на постојните закони, проширување на услугите за поддршка на жртвите, воведување ефективни заштитни мерки и поголема одговорност за сторителите, при што се потенцира дека превенцијата преку образование и надминување на штетните родови стереотипи е заедничка должност на институциите, заедниците, просветните работници, медиумите, семејствата и младите.

Пораки од меѓународните партнери: Насилството не е приватна работа, одговорноста трае цела година

По повод почетокот на кампањата, високите меѓународни претставници во земјава упатија силни пораки за неопходноста од итна институционална и општествена промена. Амбасадорот на Европската Унија, Михалис Рокас, оцени дека неодамнешните случаи на насилство врз жени во Северна Македонија се болно потсетување оти општеството мора да направи многу повеќе. Тој нагласи дека институциите мора да ги заштитат жртвите и да ги повикаат сторителите на одговорност, но и да се променат ставовите што го нормализираат насилството, ги обвинуваат жртвите или поттикнуваат молк, порачувајќи дека насилството врз жените никогаш не е приватна работа и дека Европската Унија цврсто стои покрај секоја жена и девојче секој ден во годината.

На иста линија се надоврза и вршителката на должноста шефица на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Сузан Пенкса, која истакна дека кога жените и девојчињата ќе доживеат насилство, мора точно да знаат каде да побараат помош, како да го пријават случајот и што следува понатаму. Според неа, секоја жена што ќе проговори мора да биде сфатена сериозно и да добие пристап до потребната заштита, при што таа потсети дека кампањата „16 дена активизам“ ќе заврши, но заедничката одговорност за спречување на насилството останува трајна.

Постојаната координаторка на Обединетите нации во Северна Македонија, Рита Колумбија, пак, подвлече дека насилството врз жените и девојчињата не е ниту приватна работа ниту неизбежност и дека може да заврши само доколку се одговори со итноста што ситуацијата ја налага. Таа ги повика сите институции, заедници, семејства и поединци искрено да се соочат со досега сработеното, да слушаат и да дејствуваат за ниту една жена или девојче да не остане без соодветна заштита.

Јавни настани и дискусии низ целата земја за нулта толеранција

Во текот на наредните шеснаесет дена, низ повеќе градови во државата ќе се реализираат низа јавни настани, панел-дискусии и едукативни активности за подигнување на јавната свест, со цел промовирање на принципот на нулта толеранција кон сите облици на насилство.

Кампањата традиционално се одвива во периодот од 25 ноември, Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените, па сè до 10 декември, Денот на човековите права, приклучувајќи се кон глобалното движење за создавање општество во кое секоја жена и девојче ќе живее ослободена од насилство, дискриминација и страв.

Кул Маици - Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Лашкоска во Виена: Продлабочувањето на партнерството со УНИДО отвора нови можности за зелени инвестиции и чисти технологии

Илон Маск вети по две акции од „Спејс-икс“ за секое дете во САД: Донација вредна приближно 18 милијарди долари