
Од почетокот на мандатот, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ преку конкретни мерки и развојни проекти потврдува дека младите се наоѓаат меѓу врвните државни приоритети, со континуирано создавање подобри услови за образование, унапредување на студентскиот стандард и отворање нови перспективи за вработување, самовработување и професионален развој. Ова се наведува во денешното соопштение на владејачката партија, во кое се презентираат тековните и планираните чекори за поддршка на студентската и младинската популација.
Како една од најактуелните новини се издвојува воведувањето на студентската картичка, која на академските граѓани ќе им донесе низа поволности, вклучувајќи и 20 проценти пониски цени за услугите што ќе ги користат преку дигиталната апликација М-услуги. Надлежните институции веќе работат координирано на реализација на овој проект, за кој ќе биде обезбедена соодветна законска рамка со цел студентите да добијат дополнителни бенефиции, покрај веќе предвиденото усогласување на субвенционираниот студентски оброк со стапката на инфлација.
Реконструкција на студентските домови и воведување електронски индекс
Од партијата потсетуваат дека поддршката за студентите опфаќа цел сет реализирани и тековни вложувања во образовната инфраструктура и дигиталните алатки. Преку доделувањето на 55.000 ваучери во вредност од по 250 евра за набавка на електронски уреди, на студентите им беше овозможен значително полесен пристап до современа технологија неопходна за нивните студии.
Паралелно се вложува и во подобрување на сместувачките капацитети. Реконструираниот студентски дом „Стив Наумов“ во Скопје веќе беше пуштен во употреба во септември годинава, обезбедувајќи современи услови за сместување на 1.150 студенти. Истовремено, во тек е темелната реконструкција на студентскиот дом „Кузман Јосифовски-Питу“, инвестиција вредна околу 10 милиони евра која е дел од пошироката програма за обнова на девет студентски домови низ државата. Очекувањата се студентите да можат да се вселат во овој објект од 1 февруари наредната година, при што домот ќе располага со капацитет за 280 студенти. Дополнително, започнат е процесот на дигитализација на универзитетите и воведување електронски индекс, како значаен чекор кон поефикасно, подостапно и помодерно високо образование.
Практикантство во општините и 32 милиони евра за вработување млади
Значаен сегмент од младинските политики е директното поврзување на младите со пазарот на трудот преку стекнување практични вештини и прво работно искуство. За таа цел, во август и септември годинава беше спроведена мерката „Месеци на практикантство“, преку која студентите добија можност своето теоретско академско знаење да го применат во пракса, работејќи директно во општините.
Во делот на поттикнувањето на претприемништвото и вработувањето, во текот на 2025 година преку Оперативниот план за вработување за првпат беа воведени таргетирани мерки за младите во рамките на Програмата за самовработување со грант, со чија помош беа основани речиси 2.200 нови правни субјекти. Финансиската поддршка преку Оперативниот план продолжува и годинава со вкупен буџет од 40 милиони евра наменет за опфат на над 10.000 лица, при што дури 32 милиони евра се насочени директно кон мерки за вработување со посебен фокус на младите до 29 години и опфат на 6.000 лица.
На крајот од соопштението од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека крајната цел на Владата е младите да имаат сигурност, реални можности и подобра иднина дома, поради што останува посветена на политики кои носат поголема економска независност и опипливи придобивки за студентите и младите генерации.
-
Пулсот на пивото
699 ден
524.25 ден -
La Linea v14
699 ден
524.25 ден -
Насмевката на музиката
699 ден
524.25 ден -
Апсана
699 ден
524.25 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
524.25 ден -
La Linea v1
699 ден
524.25 ден







