
За само 24 часа во полицискиот билтен на подрачјето на Скопје се евидентирани четири одделни случаи на насилство во кои биле вклучени малолетници, при што инцидентите се случиле во училишна средина, во спортска сала и на јавни места.
Напади во основно училиште во Аеродром и во спортска сала во Илинден
Во основно училиште на територијата на општина Аеродром двајца малолетници физички нападнале свој соученик, додека трет малолетник го снимал целиот напад со мобилен телефон. Во друг случај, во соблекувална на спортска сала во Илинден, две малолетнички физички нападнале 12-годишно девојче, настан кој во полиција го пријавил нејзиниот татко.
Дополнително, на подрачјето на Аеродром била пријавена и физичка пресметка меѓу 18-годишно момче и 14-годишен малолетник, до која дошло поради претходно нарушени меѓусебни односи.
Разбојништво во Градскиот парк: Приведени тројца осомничени
Најсериозниот инцидент во изминатото деноноќие се случил во Градскиот парк во Скопје. Според пријавата, 18-годишник и двајца 17-годишници со закана со дрвен предмет ограбиле четворица малолетници, при што двајца од нив и физички ги нападнале.
Тројцата осомничени за грабежот се веќе приведени, а полицијата интензивно работи на целосно расчистување на сите четири случаи, по што против инволвираните ќе следуваат соодветни пријави.
-
Балтазар
699 ден
524.25 ден -
Хемија
699 ден
524.25 ден -
La Linea v12
699 ден
524.25 ден -
Кафе и пиво
699 ден
524.25 ден -
La Linea v11
699 ден
524.25 ден -
Апсана
699 ден
524.25 ден







