
Педесет и петгодишен маж е лишен од слобода во Охрид под сомнение дека предизвикал пожар во сопствениот стан, при што осуммина соседи се здобиле со повреди и имале проблеми со дишењето, соопштија официјално од полицијата.
Брза евакуација на станарите и транспорт во Општата болница во Охрид
Благодарение на навремената и брза интервенција на полициските службеници и припадниците на Територијалната противпожарна единица од Охрид, повеќе станари биле навремено евакуирани од зафатената станбена зграда, со што е спречена поголема трагедија.
Осумте лица кои во инцидентот се здобиле со повреди и имале отежнато дишење, со возила на Итната медицинска помош веднаш биле пренесени во Општата болница во Охрид за укажување на неопходната лекарска помош.
Кривична пријава за „предизвикување општа опасност“ против осомничениот
Од полицијата информираат дека Полициската управа Охрид, во координација со останатите надлежни служби, презема дополнителни мерки со цел да им се помогне на станарите и целосно да се стабилизира ситуацијата во објектот.
По целосното расчистување и документирање на случајот, против осомниченото лице со иницијали Ц.Н. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.
-
Дарт Вејдер
699 ден
524.25 ден -
Никогаш да не се заборави
699 ден
524.25 ден -
La Linea v8
699 ден
524.25 ден -
La Linea v4
699 ден
524.25 ден -
Пиво
699 ден
524.25 ден -
La Linea v14
699 ден
524.25 ден







