
Жената која синоќа беше донесена во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје од Гостивар по претрпено дводневно семејно насилство од сопругот кој ја тепал, се наоѓа во животозагрозувачка состојба. Од Ургентниот центар, каде што првично била донесена со возило на Итната медицинска помош, таа веднаш е пренесена на одделот за интензивна нега на КАРИЛ, објави „Слободен печат“ повикувајќи се на болнички извори од редот на докторите специјалисти.
Тешки телесни повреди: Скршеници на ребрата, крварење во главата и повреди по целото тело
Според медицинските информации, пациентката има скршеници на ребрата и крварење во главата, поради што изутринава ѝ се прават дополнителни контролни прегледи. Таа по целото тело има гребаници, како и хематом на устата, а засега дише самостојно, но лекарите нејзината здравствена состојба ја оценуваат како животозагрозувачка.
Жената, која синоќа со сериозни повреди и деформиран лик од удари била примена во Ургентниот центар, при приемот била слабо контактибилна, но успеала да им даде податок на полицијата и на докторите дека сопругот ја тепал два дена. Насилството во полиција го пријавил нејзиниот татко, по што од болницата во Гостивар таа итно била пренесена на лекување во Скопје.
Сопругот е веднаш уапсен, Обвинителството и Центарот за социјални работи постапуваат итно
Од СВР Тетово официјално соопштија дека сопругот на повредената жена е веднаш лишен од слобода и спроведен во полициска станица за понатамошна постапка.
Од Јавното обвинителство информираат дека правната квалификација на делото ќе биде одредена согласно прибраните докази. „Сторителот е обезбеден и се постапува. Се преземаат сите дејствија за итно прибирање докази, согласно воспоставената процедура за итна координација и постапување по пријави за семејно насилство. Вклучени се и полициски службеници и Центарот за социјални работи“, наведуваат од Обвинителството.
-
Петок
699 ден
524.25 ден -
La Linea v16
699 ден
524.25 ден -
Верувај во себе
699 ден
524.25 ден -
La Linea v3
699 ден
524.25 ден -
La Linea v8
699 ден
524.25 ден -
La Linea v12
699 ден
524.25 ден







