
Од 1 декември почнува примената на новите правила за отворање и продолжување на боледувањата, со кои се менуваат надлежностите на матичните лекари и постапката за одобрување подолго отсуство од работа, согласно новиот Правилник за утврдување привремена спреченост за работа на Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ), кој веќе е објавен во Службен весник.
Од ФЗОМ нагласуваат дека со овие измени не се скратува правото на боледување, ниту се ограничува неговото времетраење кога постои медицински оправдана потреба. Избраниот лекар и понатаму е надлежен да ја утврдува привремената спреченост за работа до 15 дена, додека за период подолг од 15 дена одлучува надлежната лекарска комисија.
Сумирани правила: Колку дена одобрува матичен лекар, а кога се оди на комисија?
Изминативе денови матичните лекари веќе ги известуваат пациентите за конкретните рокови и услови што ќе важат со новите прописи:
- До 5 дена: Боледувањето го одобрува директно матичниот лекар (наместо досегашните 7 дена).
- Над 5 дена: Потребни се соодветни дијагностички испитувања и специјалистички извештај со препорака за боледување и неговото времетраење.
- Над 15 дена: Задолжително е одобрување од надлежната лекарска комисија на ФЗОМ.
- Отворање на боледување: Се евидентира од денот на прегледот кај матичниот лекар или од наредниот ден. Ретроактивно отворање нема да биде дозволено, освен во оправдани случаи најмногу еден ден наназад, односно кога пациентот ќе се јави кај матичниот лекар наредниот работен ден по настанувањето на спреченоста за работа.
- Затворање на боледување: Се затвора на последниот ден од одобрениот период или најдоцна еден ден подоцна.
- Повторно боледување: За иста или сродна дијагноза во период пократок од 30 дена по затворањето е потребно претходно одобрување од лекарска комисија.
- По болничко лекување: Ретроактивно продолжување е можно најмногу 5 календарски дена, со одобрување од комисија.
Континуитет на дијагнозата и повторно боледување во рок од 30 дена
Доколку осигуреникот има потреба од понатамошна континуирана привремена спреченост за работа со иста дијагноза или со дијагноза од иста група по истекот на последниот ден од претходно утврдениот период, избраниот лекар е должен да го упати пациентот на надлежната лекарска комисија. Во таков случај, матичниот лекар доставува нов предлог за оценување во кој се наведува истиот прв ден на спреченост за работа, а истото правило важи и ако во рок од 30 дена по затворањето се појави потреба од ново отсуство поради иста или сродна дијагноза.
Од ФЗОМ појаснуваат дека поврзаноста на дијагнозите се утврдува исклучиво врз основа на медицинска проценка, медицинската документација и соодветната класификација на болестите, а не врз основа на произволна административна оценка, со што се обезбедува континуитет и заштита на правата на пациентите.
Олеснувања за осигурениците: Електронски извештај, приоритетен упат и право на приговор
Покрај попрецизното уредување на критериумите, новиот правилник предвидува и неколку практични олеснувања за граѓаните, меѓу кои е и електронското генерирање на извештајот за привремена спреченост за работа (ПСР), со што се намалува потребата од дополнителни административни постапки. Дополнително, попрецизно се уредуваат случаите во кои не е неопходно лично присуство на осигуреникот пред комисија, како што се неподвижност, болничко лекување и други оправдани исклучоци.
Од Фондот истакнуваат дека покрај редовното упатување со закажан термин, во медицински оправдани случаи на избраниот лекар му стои на располагање и можноста за издавање приоритетен упат (без закажан термин) за побрз пристап до потребниот специјалистички преглед. Истовремено, осигурениците кои нема да бидат задоволни од оценката на матичниот лекар или од одлуката на првостепената лекарска комисија имаат право да поднесат приговор до надлежната првостепена, односно второстепена лекарска комисија.
-
Јас сум толку стар
699 ден
524.25 ден -
La Linea v11
699 ден
524.25 ден -
Бетмен силуета
699 ден
524.25 ден -
La Linea v2
699 ден
524.25 ден -
La Linea v9
699 ден
524.25 ден -
La Linea v8
699 ден
524.25 ден







