
Лидерите на Процесот „Брдо – Бриони“ на самитот одржан вчера во Охрид усвоија заедничка декларација во која ја потврдија силната поддршка за европската перспектива на сите земји од Западен Балкан. Во документот се нагласува дека целосното и навремено членство на регионот во Европската Унија ќе придонесе за безбедноста, стабилноста и економскиот развој на Западен Балкан, а проширувањето се оценува како геополитичка неопходност која е од полза и за самата Унија.
Лидерите инсистираат процесот на пристапување повторно да добие заслужен, објективен и предвидлив карактер, при што напредокот ќе се оценува според утврдени критериуми и поединечните достигнувања на секоја земја кандидатка во спроведувањето на потребните реформи. Особено се истакнува почитувањето на владеењето на правото и обврските што произлегуваат од правото на ЕУ и од меѓународните договори, со порака дека одлуките за натамошни чекори кон членство треба да се темелат исклучиво на овие принципи и на Копенхашките критериуми.
Планот за раст на ЕУ и барање Западен Балкан да не се третира како „трети земји“
Во декларацијата се поздравува Планот за раст на Европската Унија како важен инструмент за економска интеграција и за поддршка на реформите, при што се повикуваат сите засегнати страни целосно да ги искористат расположливите финансиски средства.
Особено внимание се посветува и на забрзување на инвестициите во одржлив транспорт, енергетска и дигитална инфраструктура. Лидерите децидно бараат земјите од Западен Балкан да не се третираат како трети земји, туку како интегрален дел од европските инфраструктурни мрежи и од идниот развој на континентот.
Младите и спречувањето на одливот на мозоци високо на агендата
Посебно место во разговорите во Охрид имаа младината и проблемот со одливот на мозоци од регионот. Во документот се поздравува досегашната соработка меѓу директорите на агенциите за вработување и се изразува поддршка за нејзино натамошно јакнење, а истовремено се отвора можност за поактивно вклучување на младите во Процесот „Брдо – Бриони“ и поголема присутност на нивните прашања на агендата на лидерите.
Со оваа декларација земјите од регионот повторно ја потврдија својата определба за регионална соработка, демократија и солидарност во услови на глобални безбедносни и економски предизвици.
Целосниот текст на Заедничката изјава усвоена во Охрид
ЗАЕДНИЧКА ИЗЈАВА – СОСТАНОК НА ЛИДЕРИТЕ ОД ПРОЦЕСОТ БРДО-БРИЈУНИ, ОХРИД, 27 НОЕМВРИ 2026 ГОДИНА
Ние, лидерите од Процесот Брдо-Бријуни, водени од принципите на регионална соработка, демократија и солидарност, се состанавме во Охрид на 27 ноември 2026 година, во време кога постојат предизвици за глобалната безбедност и економскиот развој. Во стремежот кон просперитетна и безбедна иднина за Западен Балкан, и уверени дека целосната интеграција на регионот во Европската Унија е од суштинско значење за постигнување Европа која е целосна, слободна и во мир, го истакнуваме следново:
Продолжуваме целосно да ја поддржуваме европската перспектива на сите земји од Западен Балкан. Целосното и навремено членство на целиот регион во Европската Унија значително би придонесло за безбедноста, стабилноста и економскиот развој на Западен Балкан.
Проширувањето, исто така, ќе биде од голема корист за Европската Унија, во време кога станува очигледно дека тоа сè повеќе се смета за геополитичка неопходност.
Процесот на пристапување кон ЕУ мора да го врати својот карактер заснован на заслуги, објективност и предвидливост, при што напредокот ќе се оценува врз основа на утврдени критериуми и индивидуалните достигнувања на секоја земја-кандидат во спроведувањето на неопходните реформи.
Сите обврски што произлегуваат од правната тековина на ЕУ (acquis) и релевантните меѓународни договори мора да се почитуваат и ефективно да се спроведуваат, особено во однос на владеењето на правото. Одлуките за понатамошните чекори кон пристапувањето треба да бидат водени исклучиво од овие принципи и од Копенхашките критериуми.
Планот за раст на ЕУ останува вредна алатка на располагање на земјите-кандидати, чија цел е, меѓу другото, да ја поттикне економската интеграција и да помогне во реформите. Ги охрабруваме сите засегнати страни целосно да ги искористат средствата што им се на располагање.
Ја нагласуваме потребата од забрзување на инвестициите во одржлив транспорт, енергетика и дигитална инфраструктура, со што ќе се зајакне поврзаноста во рамките на Западен Балкан, како и со Европската Унија. Во овој процес, земјите од Западен Балкан не треба и не смеат да се третираат како трети земји, туку како составен дел од инфраструктурните мрежи, економската интеграција и идниот развој на Европа.
Конечно, прашањето за младите и одливот на мозоци од Западен Балкан е во фокусот на нашите дискусии веќе неколку години. Во тој контекст, ја поздравуваме континуираната соработка меѓу директорите на агенциите за вработување; ја поддржуваме нивната активна соработка и гледаме голем потенцијал во нивното идно заедничко делување. Сметаме дека е соодветно да се разгледаат начините на кои младите би можеле поактивно да се вклучат во Процесот Брдо-Бриони, а прашањата што се од нивен интерес да добијат поголемо значење во нашата агенда.
-
La Linea v1
699 ден
524.25 ден -
La Linea v8
699 ден
524.25 ден -
La Linea v5
699 ден
524.25 ден -
La Linea v23
699 ден
524.25 ден -
Никогаш да не се заборави
699 ден
524.25 ден -
La Linea v3
699 ден
524.25 ден







