
Сообраќајот на државните патишта низ целата држава утринава се одвива непречено, но по претежно влажни коловози, информираат од Јавното претпријатие „Македонијапат“. Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри е регистрирана на патниот правец Куманово – Страцин.
Проодни патишта и предупредување за можни одрони низ клисурите
Според официјалните податоци на претпријатието, сите патни правци во државата во моментов се проодни. Сепак, на одредени патни делници кои минуваат низ усеци и клисури постои можност од појава на поситни одрони на коловозот.
Од ЈП „Македонијапат“ упатуваат апел до сите учесници во сообраќајот за крајно внимателно управување со возилата, доследно почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и задолжително приспособување на брзината на движење според актуелните услови на патот.
-
La Linea v8
699 ден
524.25 ден -
Пулсот на пивото
699 ден
524.25 ден -
Вонземјанин
699 ден
524.25 ден -
La Linea v4
699 ден
524.25 ден -
Никогаш да не се заборави
699 ден
524.25 ден -
Добро утро
699 ден
524.25 ден







