во , ,

Eдна чесна сестра на Плетвар застанала да стопира…

Eдна чесна сестра на Плетвар застанала да стопира. Стои така еден час, два часа ама никој за беља не и застанува да ја качи.

Потоа почнала да се моли, и од тоа немало големо фајде, кога едно време еве ти го Блажо со Спачакот свој шиба едно шеесетина километри на час.

Кога ја здогледал сестрата закочил што се вика во место и се разбира ја качил, и така се возеле и си молчеле. После некое време сестрата за да го прекине молчењето го прашала.

– Добро бре добар човеку, дали сам застана или некој глас од небото ти рече да застаниш и да ме земеш.

Ја погледнал Блажо чудно, а потоа низ смеа и одговорил.

– Каков глас какви бакрачи, те качив зошто секој пријател на Бетмен е и мој пријател.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

15 Неверојатни портрети од познати личности создадени само парчиња од тексас

10 Фотографии покажуваат како би изгледале познатите дами доколку не правеле естетски корекции