Командантот им го објаснува на своите војници поимот асоцијација. Извадил од џебот марама и почнал да мафта со неа.
– Коле! На што помислуваш кога мавтам со марамата?
– На разделба.
– Одлично! Асоцијацијата е разделба… Миле, а ти на што мислиш?
– На оро.
– Браво! Асоцијацијата е оро… Блажо, ти на што мислиш кога мавтам со марамата?
– На секс.
– Како можеш да помислиш на секс кога ти мавтам со марамата?
– Јас цело време мислам на секс, мавтал ти со марамата или не!

