
Астрономите го детектираа 40.000-тиот астероид близок до Земјата, соопшти Европската вселенска агенција (ЕСА).
Овие вселенски карпи варираат во големина – од неколку метри до неколку километри во дијаметар – и прелетуваат во релативна близина на нашата планета. Секоја нова детекција е потсетник на ранливоста на Земјата, но и доказ за напредокот на полето на планетарната одбрана.
-
Јога шимпанзо
699 ден
524.25 ден
Астероидите блиски до Земјата (NEA) се оние чија орбита ги носи на приближно 45 милиони километри од нас – доволно блиску за тимовите за планетарна одбрана будно да ги следат. Првиот таков астероид, Ерос, бил откриен во 1898 година.
Експоненцијален раст: 10.000 откриени само во последните 3 години
Бројот на откритија расте експоненцијално. Од само илјада на почетокот на векот, бројката скокна на 15.000 во 2016 година, за сега, во ноември 2025 година, да надмине 40.000. Околу 10.000 од нив се откриени само во последните три години.
„Бројот на откритија ќе продолжи да расте со уште побрзо темпо“, вели Лука Конверси од ЕСА. Тој истакнува дека новата Опсерваторија Вера К. Рубин во Чиле (отворена годинава) и претстојните телескопи „Flyeye“ (Мувино око), дизајнирани со широко видно поле, ќе детектираат десетици илјади нови објекти кои досега им промикнувале на астрономите.


