
Новиот сингл на Антониа Гиговска, „Жена“, ги освои слушателите и создаде голем одек на македонската музичка сцена. Претставувајќи ја песната на овогодишниот „Макфест“, Гиговска уште еднаш ја истакна својата уметничка моќ и емоција, а овој сингл е веќе прогласен за вистинско ремек-дело.
-
Кафе и пиво
699 ден
524.25 ден
Музиката и аранжманот се дело на Лазар Цветкоски, а текстот на Магдалена Цветкоска создава моќна и инспиративна порака. Во видеозаписот, Гиговска се појавува со нов, смел имиџ – кратка коса и впечатлива црвена креација, со што го зацврстува својот уметнички печат и освојува уште повеќе симпатии.
Со „Жена“, Антониа потсетува на силата и уникатноста на женскиот дух.


