во ,

Апасиев удри по Мицкоски: ‘Заради твојата кусогледост, курбан отиде Западна Македонија’

Апасиев: ‘ВМРО стагнира, Левица дуплира, Мицкоски ја курбани Западна Македонија’

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, вечерва на прес-конференција ги прогласи изборите за „Пирова победа на режимот“ и ја позиционираше својата партија како вистински победник и нова водечка опозициска сила во клучните урбани средини. Според Апасиев, вториот круг од локалните избори покажал дека ВМРО-ДПМНЕ стагнира, додека Левица го дуплирала својот раст, обвинувајќи го Христијан Мицкоски за „кусогледост“ и предавање на Западна Македонија.

Апасиев одби да им честита на победниците од владејачката коалиција, освен на кандидатите во Кичево и Брвеница, каде што, според него, „македонската платформа дава резултати доколку се обединиме“. Како негативен пример, тој го посочи случајот со Јована во Струга.

„Ние сме прва партија во Центар, Карпош и Аеродром“

Во обид да го докаже својот главен слоган „ВМРО стагнира, Левица дуплира“, Апасиев повлече паралела со растот на гласовите помеѓу двата круга. „Од првиот круг, Орце од Драчево има освоено плус 3 и пол илјади гласа, што е само три посто зголемување, а Амар од Чаир има освоено плус 30 илјади и 500 гласа“, рече тој. Според него, ова покажува дека опозициските гласачи се престројуваат зад Левица.

Тој отиде и чекор понатаму, прогласувајќи ја Левица за водечка партија во клучните скопски општини. „Од втора партија на ниво на цело Скопје, вечерва обзнанувам дека сме прва партија, пред ВМРО-ДПМНЕ, во Центар, во Карпош и во урбаниот дел од Аеродром“, изјави Апасиев.

„Курбан отиде Западна Македонија“

Лидерот на Левица не штедеше критики за коалицијата на власт, која ја нарече „балистичко-врховистичка“. Тој оцени дека Вреди (албанскиот партнер во владата) ги изиграл ВМРО-ДPMNE насекаде кадешто очекувале нивна поддршка. Цената за ова, според Апасиев, ја платила Западна Македонија.

„За возврат на кусогледоста на Мицкоски, курбан отиде Западна Македонија. Патриот, продолжете да си го гласате Мицкоски“, саркастично порача Апасиев, завршувајќи ја својата анализа за вториот изборен круг. Неговата прес-конференција јасно ја позиционира Левица како главен ривал на ВМРО-ДПМНЕ во опозицискиот блок, особено во урбаните средини.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Човекот-чудо кој излезе од огнениот пекол сега ја тужи „Ер Индија“ за игнорирање

„Loop“ е новиот хит на Кики Мукаетова што ќе ве стави во круг