во ,

Апокалиптични сцени во Италија: Цел град се лизга во бездна и ги повлекува куќите со себе

Драматични сцени пристигнуваат од италијанскиот остров Сицилија, каде градот Нишеми буквално почна да се урива во бездна, принудувајќи ги властите итно да прогласат вонредна состојба.

Разорниот циклон Хари, кој донесе обилни дождови и бранови високи до девет метри, предизвика масивно свлечиште кое се прошири на фронт долг четири километри. Ситуацијата на терен е апокалиптична – куќите веќе висат на самиот раб на карпата, а огромни пукнатини се закануваат да го проголтаат целиот историски центар на градот.

„Сè во радиус од 70 метри ќе пропадна“

Супер Попуст -25%

Генералниот директор на сицилијанската цивилна заштита, Салваторе Кочина, даде застрашувачка прогноза која ги смрзна жителите.

„Сите куќи во радиус од 50 до 70 метри ќе се урнат. Не можеме да го негираме тоа, исплашени сме“, изјави тој, потврдувајќи дека досега се евакуирани околу 1.500 луѓе кои преку ноќ останаа без своите домови.

Милијарда евра штета и празни ветувања

Италијанската влада прогласи вонредна состојба за јужните региони, вклучувајќи ги Сицилија, Калабрија и Сардинија, каде штетите веќе надминуваат една милијарда евра.

Сепак, гневот кај населението е огромен. Медиумите, како „Кориере дела Сера“, потсетуваат дека слична трагедија се случила во 1997 година. И покрај децениските ветувања за хидрогеолошка санација и изјавите на политичарите дека Сицилија е „референтен модел“, реалноста покажува дека ништо не е преземено за да се спречи повторување на катастрофата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Историски преседан во Скопје: Првпат јавно претпријатие ќе ги чисти нелегалните објекти наместо приватни фирми

Драма зад затворени врати: Фицо тврди дека Трамп се однесувал опасно и е загрижен за неговото ментално здравје