
За првпат во историјата на локалната самоуправа, Општина Карпош и Град Скопје постигнаа револуционерен договор со кој градската механизација директно ќе се вклучи во војната против урбанистичкиот хаос и дивоградбите.
На утрешната седница на Советот на Град Скопје ќе се најде иницијативата за меѓуопштинска соработка, со која надлежноста за физичко отстранување на бесправно изградените објекти преминува во рацете на ЈП „Улици и патишта“. Ова е преседан, бидејќи досега општините мораа да распишуваат скапи тендери и да ангажираат приватни фирми за уривање.
Багерите на „Улици и патишта“ влегуваат во Карпош
-
La Linea v8
699 ден
524.25 ден
Според договорот меѓу градоначалниците Лукровски и Ѓорѓиевски, Општина Карпош ќе ја води правната битка и инспекцискиот надзор, додека Градот Скопје ќе ја обезбеди тешката механизација и работната сила.
„Ова е поекономично и поефикасно решение. Градот ќе учествува со сопствени средства за уривањето, а работите ќе ги изведува јавното претпријатие“, стои во образложението.
Сметката ќе ја платат прекршителите
Финансискиот модел е јасен – парите за акцијата првично ќе се обезбедат од буџетот на Град Скопје. Сепак, крајниот трошок ќе падне врз грбот на сопствениците на дивоградбите. Откако Општина Карпош ќе ги наплати средствата од прекршителите, истите ќе бидат рефундирани назад во градската каса.


