во ,

Баба-мафијаш на 96 години: Разбиена банда лажни полицајци во Милано

Полицијата во Милано разби организирана криминална група од 21 лице вмешани во кражби и изнуда, а најголемо внимание предизвика податокот дека на чело на нивната логистичка база била 96-годишна жена.

Бандата, која оперирала во Италија, Швајцарија и Белгија, е откриена по истрага започната во 2023 година и се товари дека преку криминални активности стекнала профит од околу 2,5 милиони евра.

Супер Попуст -25%

Начинот на работа им бил ист: се претставувале како лажни полицајци со фалсификувани легитимации за да влезат во домовите на повозрасни граѓани. Откако ќе влезеле, краделе накит и вредни предмети, кои потоа ги транспортирале во странство со кампери и ги препродавале. При претресите се запленети луксузни часовници, златни прачки, накит и голема сума готовина.

Есенски Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Украина го доби тоа што го бараше: Бран на оптимизам се шири низ Европа по американската понуда

Новак Ѓоковиќ донесе одлука: Еве каде ја започнува сезоната 2026 пред Австралија Опен