во ,

Бабо, како успевате да се снајдете со волку многу овци?

Во некое село некоја баба чувала 2000 овци. Дошла некоја репортерка да и направи интервју:

– Бабо, како успевате да се снајдете со волку многу овци?

Реклама

– Ќерко, цел живот чувам овци, сум се навикнала.

– А бабо, колку ви тежи една овца?

Бабата вратила со прашање:

– Црната или белата?

– Па да речеме белата.

– 30 килограми.

Новинарката љубопитно прашала:

– А црната?

– Па исто.

– Добро, а колку млеко дава една овца?

– Црната или белата?

– Да речеме, црната!

– Па 2 литри млеко.

– А белата?

– Па исто.

– А колку волна добивате од една овца?

– Црна или бела?

– Бела!

– 3 кила волна.

– А од црната?

– Па исто.

Новинарката видно се изнервирала и сакала да ја зезна бабата, па ја прашала:

– А бабо, која е разликата помеѓу црните и белите овци?

На тоа бабата одговорила:

– Па белите се мои.

– А црните?

– Па исто!


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Во лудница, некој лудак си седнал на страна и си пишува нешто…

Запознајте го хотелот со најубавиот поглед на планетата