
Оценка на напредокот пред Европскиот парламент
Пакетот, во кој Европската комисија детално го оценува реформскиот напредок на секоја од земјите-кандидати, најпрво ќе биде презентиран пред членовите на Комитетот за надворешни работи (AFET) при Европскиот парламент. По оваа презентација, постојаните известувачи на AFET ќе имаат задача да подготват посебни резолуции за секоја земја.
-
La Linea v3
699 ден
524.25 ден
Овие резолуции ќе ги содржат клучните ставови и препораки на Европскиот парламент за патот на секоја од државите кон исполнување на критериумите за полноправно членство во Унијата.
Дијалози за реформи, раст и исплата на европски средства
Агендата во Брисел продолжува и утре, на 5 ноември, кога Комитетот за надворешни работи, во соработка со Комитетот за буџети (BUDG), ќе биде домаќин на неколку клучни дијалози. Предвидени се петтиот дијалог за Инструментот за реформи и раст за Западен Балкан, третиот за Молдавија и шестиот дијалог за Инструментот за Украина.
На овие седници, Герт Јан Коопман, генерален директор на Директоратот за соседство и преговори за проширување (DG NEAR) при Европската комисија, детално ќе ги брифира европратениците за динамиката на процесите во овие региони.
„Фокусот на утрешните седници ќе биде ставен на актуелниот статус на спроведувањето на реформските агенди од страна на земјите-кандидати, како и на динамиката за исплатата на средствата од европските фондови наменети за нивна поддршка“, се наведува во најавата.


