во

Бронзен медал и пофалница за македонскиот тим на Јуниорската Балканска олимпијада по информатика во Сараево

Македонските ученици забележаа уште едно одлично меѓународно претставување, освојувајќи бронзен медал и олимписка пофалба на 19-тата Јуниорска балканска олимпијада по информатика, која се одржа во Сараево, Босна и Херцеговина.

Бронза за Илијоски, пофалница за Бансколиев

Во силна конкуренција од вкупно 55 натпреварувачи од 10 земји членки и три земји гости, македонскиот тим уште еднаш го потврди својот талент во програмирање. Бронзениот медал за Македонија го освои Зоран Илијоски од Кичево, додека Панче Бансколиев од Струмица се закити со олимписка пофалница.

Супер Попуст -25%

Македонскиот тим на овој престижен натпревар за ученици на возраст до 15,5 години го сочинуваа и Јаков Грујовски и Иан Стевков од Скопје. Младите таленти беа предводени од лидерите Благојче Павлески и Петар Ковачовски, студенти на ФИНКИ, додека во улога на претседател на БОИ иницијативата беше проф. д-р Миле Јованов.

Година на извонредни резултати

Членовите на олимпискиот тим беа избрани преку целогодишен циклус на натпревари организиран од Здружението на информатичарите на Македонија, поддржан од ФИНКИ и неколку општествено одговорни ИТ компании.

„Со овој резултат, вкупниот биланс на македонските ученици на меѓународните олимпијади во текот на оваа година изнесува два сребрени, десет бронзени медали и четири олимписки пофалби – остварување со кое би биле задоволни и многу поголеми држави.“

Следното, 20-то по ред јубилејно издание на Јуниорската балканска олимпијада по информатика (ЈБОИ 2027) ќе се одржи идната година во соседна Грција, каде македонските информатичари ќе имаат нова можност за докажување.

Есенски Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крај на една ера: Американската војска целосно се повлекува од Ирак по 23 години

Собраниска делегација во Ријад: Африм Гаши во официјална посета на Саудиска Арабија