
Случај што ги вкрстува правото, политиката и меѓудржавните односи повторно го привлече вниманието на јавноста, откако двајца пратеници од партијата „Препород“ во бугарскиот Парламент со фотографии потврдија дека биле присутни на судењето во Кочани на 23-годишната кочанчанка Ива Михајлова, која поседува двојно, македонско и бугарско државјанство. Токму нивното присуство отвора сериозни прашања, бидејќи, според судски документи објавени во емисијата КОД на Телма, овие лица од август минатата година имаат забрана за влез во земјава.
-
Бетмен силуета
699 ден
524.25 ден
Станува збор за бугарските пратеници Крсто Врачев и Ангел Георгиев, кои судењето на Михајлова го искористија за да упатат критики кон правниот систем во Македонија, како и порака до Европската Унија во која тврдат дека државата малтретира девојка што се изјаснува како Бугарка. Нивниот настап во судницата дополнително ја усложни и онака чувствителната ситуација околу целиот случај.
Пресуда, забрана за влез и прашањето како влегле
И двајцата пратеници се опфатени со пресуда на битолскиот Основен суд со ознака ПРК-О-263/25, со која на вкупно 27 лица, сите пратеници на бугарската партија, им се забранува влез во Македонија. Според пресудата, овие лица во јуни минатата година нелегално ја преминале македонско-грчката граница и илегално престојувале неколку дена, поради што на 8 август лани, покрај едногодишната забрана за влез, добиле и прекршочна казна во распон од 50 до 230 евра.
„Констатирано е дека наведените лица немаат остварено легален влез во државата и истите нелегално ја преминале државната граница од Р. Грција во РС. Македонија на 15.06.2025“, стои во изводот од пресудата.
И покрај изречената забрана, Врачев и Георгиев минатата недела сепак успеале да ја поминат границата и да влезат во судницата во Кочани, што остава отворено прашањето како тоа било овозможено. Од Министерството за внатрешни работи упатија дека за самата пресуда за забрана за влез треба да се обрати битолскиот суд и појаснија дека не можат да дадат податоци за преминувањето на границата, бидејќи информациите за влез и излез на лица не се споделуваат по барање на трети лица, туку исклучиво по барање на надлежен државен орган или на самото лице за негови лични потреби, согласно важечките процедури.
Во меѓувреме, во центарот на целата ситуација останува Михајлова, која на судењето е обвинета за сообраќајна несреќа со загинато лице, но која заедно со својата одбрана ја негира одговорноста и бара да ѝ бидат вратени пасошите за да може да се лекува во Бугарија. Случајот, кој го следи и бугарското Министерство за надворешни работи, доби нов пресврт откако, како што потврди нејзиниот адвокат, до кочанскиот суд е поднесено конзилијарно мислење во ново барање за враќање на пасошите и лекување во Софија, а судот се очекува да одлучи во текот на наредната недела.
-
Дарт Вејдер
699 ден
524.25 ден -
Никогаш да не се заборави
699 ден
524.25 ден -
La Linea v12
699 ден
524.25 ден -
La Linea v14
699 ден
524.25 ден -
Добро утро
699 ден
524.25 ден -
Бетмен силуета
699 ден
524.25 ден







