
Технички грешки и закана од граничен колапс
Меѓу земјите кои официјално ја известиле Европската комисија дека нема целосно да го применат системот се клучните европски дестинации: Франција, Германија, Италија, Белгија, Холандија, Грција, Малта, Португалија и Швајцарија. Токму поврзувањето на националните гранични системи со централниот систем на ЕУ (eu-LISA) се покажа како главен проблем кој го блокира протокот на патници.
-
La Linea v16
699 ден
524.25 ден
Во дел од овие земји, поради технички дефекти, биометриските податоци не се испраќаат до централната база или пак граничните службеници воопшто не можат да пристапат до веќе креираните електронски датотеки. Ова наложува повторување на целата процедура на лице место, што директно води до забавување на границите, а проблемот дополнително се влошува поради недостиг на персонал.
„Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (IATA), заедно со бројни авиокомпании и аеродроми, предупредија дека целосната примена на EES без стабилна технологија и доволен број службеници би можела да предизвика сериозни оперативни проблеми и колапс на сообраќајот.“
Што значи ова за македонските патници?
Системот EES, кој беше активиран минатата година, предвидува државјаните на земјите кои не се членки на ЕУ да бидат регистрирани со биометриски податоци (скенирање на лицето и земање отпечатоци од прсти) при секој влез и излез од Шенген-зоната. Оваа дигитална процедура треба целосно да го замени досегашното традиционално удирање печати во пасошите.
За патниците од Македонија, како и за сите граѓани надвор од Унијата, ова значи дека во иднина ваквата регистрација ќе биде неизбежна. Сепак, поради моменталниот хаос со системот, наведените девет држави бараат флексибилност и постепено воведување на новите правила, сè додека техничките пречки не бидат целосно отстранети. Иако рокот за привремено суспендирање на проверките истече на 6 септември, официјален Брисел неформално се согласил на флексибилност за да се задржи нормалниот проток на патници.


