
Известувачот на Европскиот парламент за Македонија, Томас Вајц, денеска пред Комитетот за надворешни работи на ЕП ќе го презентира годишниот нацрт-извештај за напредокот на земјата
Во документот се наведува дека процесот на пристапување моментално е во застој и дека, и покрај одредени позитивни чекори, реформите во клучните области како владеењето на правото, правосудството и борбата против корупцијата остануваат недоволни.
Потребна поголема политичка посветеност
-
Време за пиво
699 ден
524.25 ден
Вајц посочува дека е неопходна зголемена политичка волја, особено во контекст на уставните измени и надминувањето на билатералните пречки. Тој нагласува дека во новата геополитичка реалност, Европа мора да остане обединета, а процесот на проширување да се забрза, но врз основа на заслуги.
Во извештајот се потенцира дека функционално владеење на правото и стабилна инвестициска клима се предуслов за економски развој и напредок кон ЕУ.
Поддршка од ЕУ, но и условен напредок
Документот изразува поддршка за европската ориентација на земјата, но повикува на обновена политичка динамика, конструктивна меѓупартиска соработка и засилен парламентарен надзор. Во делот за медиуми и граѓанско општество се бараат подобрувања во слободата и независноста.
Нацрт-извештајот ќе помине низ амандманска постапка во ЕП, по што ќе биде ставен на гласање во АФЕТ и на пленарна седница пред летната пауза.
-
La Linea v27
699 ден
524.25 ден -
Насмевката на музиката
699 ден
524.25 ден -
Кафе пауза на месечината
699 ден
524.25 ден -
La Linea v1
699 ден
524.25 ден -
La Linea v8
699 ден
524.25 ден -
La Linea v5
699 ден
524.25 ден








