во ,

ВКЛУЧЕН ЖОЛТ АЛАРМ: Доаѓа циклон со обилни врнежи и драстичен пад на температурите!

Од денеска, 26 ноември, па сè до сабота, во Македонија ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни.

Најинтензивни врнежи се очекуваат во текот на денешниот и утрешниот ден (среда и четврток), кога локално ќе наврнат над 25 литри на метар квадратен, а на одредени места се можни и ретки грмежи. За целата територија на државата е издадено жолто предупредување поради очекуваните обилни врнежи и повремено засилениот јужен ветер.

Студен бран и снег од утре

Супер Попуст -25%

Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, од утре (четврток) се очекува пад на дневните температури за 4 до 6 степени. Под влијание на циклонска активност, врнежите на планините и повисоките места ќе преминат во снег, што ќе доведе до формирање на снежна покривка.

Нестабилното време ќе се задржи до сабота, 29 ноември. Стабилизирање на временските услови, престанок на врнежите и постепено разведрување се очекува дури од недела, 30 ноември.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Се исече на хартија и за малку ќе настрадаше: Една недела подоцна настана вистински пекол!

ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 26 НОЕМВРИ: Вагата денес е како „темпирана бомба“, Рибите не се предодредени да се забавуваат