во ,

ВМРО-ДПМНЕ со жестоки обвинувања: В.Д. градоначалникот на Кочани свесно ја загрозува јавната безбедност!

„Опасна незаинтересираност, в.д. градоначалникот на Кочани, Венко Крстевски, ја загрозува јавната безбедност.“

Ова го предупредува локалниот огранок на ВМРО-ДПМНЕ во Кочани. Тие го обвинуваат актуелниот в.д. градоначалник за неодговорно однесување. Според нив, тој одбил да ја искористи владината помош за зајакнување на капацитетите за борба со пожари.

„Кочани е една од ретките општини што одбила да учествува“

„Во тек е оглас за ангажирање на 400 нови пожарникари во рамки на големата државна мерка. Обезбедени се и 43 специјални интервентни возила. Но, една од ретките општини што одбила да учествува во оваа мерка е токму Кочани. Затоа што Венко Крстевски не се ни пријавил на повикот на Владата!“ се вели во објавата.

Супер Летен Попуст

Од партијата велат дека ова е срамно и неодговорно однесување. „Наместо да обезбеди повеќе опрема и сигурност, в.д. Венко свесно работи против сопствената Територијална противпожарна единица,“ додаваат тие.

„Кому му служи – на народот или на Аки Акиов?“

„Граѓаните со право прашуваат: кому му служи – на народот, на Аки Акиов или на сопствените инаети и интереси?“ прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ Кочани. „Да потсетиме: истиот овој в.д. градоначалник беше против отворањето на државниот Центар за рехабилитација на Пониква. Сега повторно е кочничар.“

„Ова не е само административен пропуст, ова е чин на директна штета за граѓаните на Кочани.“ „Поради неспособноста на Венко, Кочани повторно останува со врзани раце пред секоја летна закана од пожари. Време е за одговорност,“ се вели во објавата.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Напад со чекан и секира во воз во Германија, патници го совладале напаѓачот

Премиерот верува дека Македонија ќе биде во групата земји што ќе имаат најповолни услови за извоз во САД