во

Герасимовски поканува: Street Food Picnic по вторпат во Центар

Општина Центар од 18 до 20 септември ќе биде центарот на гастрономијата и добрата забава. Паркот на Франкофонија по вторпат ќе биде домаќин на Street Food Picnic, настан кој ветува тридневно уживање со богата храна, музика и содржини за целото семејство.

Семејно дружење и гастрономско уживање

Овогодинешното издание е целосно посветено на семејното дружење и квалитетното поминување време на отворено. Во опуштена пикник атмосфера, посетителите ќе имаат можност да пробаат разновидна храна од дури девет изложувачи, меѓу кои: Milky, Oljo’s, Transilvanisko trdlo, Жешко Компирче, Sweet Corner, Сутлијаш Бар, Panino, Noa Gyradiko и Mustacos. За најмладите се предвидени специјални детски работилници исполнети со креативни активности и игри во текот на целиот викенд.

Супер Попуст -25%

„Street Food Picnic го организираме втора година и навистина ми е драго што овој настан прераснува во убаво септемвриско дружење во Центар. Идејата е едноставна – да излеземе од дома, да се собереме во парк, да каснеме нешто вкусно, да слушаме добра музика, а децата да имаат свои активности и забава“, порача градоначалникот Горан Герасимовски.

Музичка програма и работно време

За да биде доживувањето комплетно, организаторите подготвија и одлична музичка програма. Во петок забавата ќе ја започнат Golemata Voda и Vaso, во сабота настапуваат Shurbe, Day Off и Flooder, додека неделното финале е резервирано за Dimish, Trio Zigot и Machki.

Настанот, кој се одржува со поддршка на Општина Центар, е отворен за сите посетители. Во петок програмата започнува во 17:00 часот и ќе трае до полноќ, додека за време на викендот (сабота и недела) вратите се отвораат уште од 12:00 часот напладне.

Сподели:
Есенски Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Важно известување за скопјани: Од вечерва почнува прскањето против комарци

СДСМ со остри обвинувања: Случајот во ДКСК не е доволен, се бара истрага за 5,5 милиони евра