
Грција и ова лето останува меѓу најбараните дестинации за македонските туристи, но одморот покрај Егејското Море станува сè поскап. Најголеми промени се забележуваат кај сместувањето и храната, особено во туристичките центри и во екот на сезоната.
Гирото веќе достигна цена од околу пет евра
-
La Linea v13
699 ден
524.25 ден
Еден од најпопуларните оброци меѓу туристите, гирото, на повеќето локации на Халкидики се продава по цена од околу пет евра.
Во поатрактивните места и во периодите кога има најмногу туристи, цената може да биде и повисока. Оние што сакаат да седнат во ресторан треба да издвојат уште повеќе пари.
Порција гиро во рестораните често достигнува цена од 10 евра или повеќе, во зависност од локацијата, понудата и типот на угостителскиот објект.
Поскапо е и сместувањето
Дополнителен удар врз туристичкиот буџет е зголемувањето на цените на апартманите и студијата. Според информациите од туристичкиот сектор, аранжманите за Грција се поскапени за околу 10 до 20 проценти во споредба со минатата година.
Во дел од туристичките места, ноќевање во апартман или студио тешко може да се најде за помалку од 60 евра, особено во шпицот на летната сезона.
Највисоки цени во најпопуларните места
Цените зависат од близината до плажата, периодот на престој и популарноста на дестинацијата. Во најпосетените места на Халкидики, сместувањето во јули и август традиционално е најскапо.
Туристите што планираат одмор во Грција ќе треба да пресметаат поголем буџет не само за престојот, туку и за оброците, пијалаците и другите секојдневни трошоци.


