во

ГОЛЕМ ПОЖАР ВО ХРВАТСКА: 36 повредени во Омиш, седум лица се борат за живот!

Страотен пожар кој синоќа избувна во областа Локва Рогозница и брзо се прошири кон Омиш, Хрватска, остави зад себе катастрофални последици. Во огнената стихија повредени се вкупно 36 лица, од кои седуммина се наоѓаат во критична состојба.

Огнот кој првично зафатил трева, ниска вегетација и борова шума, потпомогнат од силниот ветер за кратко време стигнал во непосредна близина на станбените објекти. Пожарот загрози бројни куќи и згради, поради што надлежните служби мораа итно да евакуираат дел од локалното население и туристите кои престојуваа во областа.

Мобилизација во сплитската болница

Супер Попуст -25%

Повеќето од настраданите се здобиле со изгореници, додека останатите побарале медицинска помош поради сериозни респираторни проблеми предизвикани од изложеноста на густиот чад. Поради неочекувано големиот прилив на пациенти, Клиничкиот болнички центар (КБЦ) во Сплит веднаш ги ангажираше сите достапни тимови, а беа повикани и вработените кои во моментот користеле годишен одмор.

„Поради повредите здобиени во синоќешниот пожар, во Сплитската клиничка болница вкупно 36 лица добија медицинска помош. По лекарската помош, 14 пациенти беа хоспитализирани, додека останатите беа пуштени на домашно лекување. Седум пациенти се на интензивна нега и се во критична состојба,“ потврдија од болницата.

Огромна материјална штета

Според извештаите од терен, огнот кој се приближил до самиот центар на Омиш оставил вистинско пустош. Предизвикана е огромна материјална штета, а видливи се многу изгорени автомобили и значително оштетени згради. Пожарникарите продолжуваат со интервенциите за целосно санирање на опожарената површина која сè уште не е прецизно проценета.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ВАЖНО ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ТУРИСТИ ВО ГРЦИЈА: Објавени броеви за помош поради пожарите!

ХЕРОЈОТ ОД ПЕЛАГОНИЈА: Александар Чепиговски со трактор влезе во огнот за да го спаси селото Лознани!