
Еден 87-годишен Французин тргнал на лекар во близина на Бордо, но „благодарение“ на навигацијата, некако завршил на брегот на Јадранското Море во Хрватска, оддалечен 1.800 километри од дома.
Бизарната приказна ја раскажал работник во хотел во Брела, кој ни самиот не им верувал на своите очи кога го видел постариот господин (роден 1938 г.) во лобито на хотелот, пишува „Слободна Далмација“.
-
Те сакам како пивото
699 ден
524.25 ден
„Зборуваше на француски, разбирам неколку зборови, доволно за да сфатам дека се изгубил!? Го зедовме неговиот мобилен и повикавме роднина во Франција, но мобилниот се изгаси. Не сакавме да го оставиме на улица, го сместивме во хотелот…“, раскажува работникот во хотелот.
Повеќе од само грешка – пишува дневник од 10 страници
„Беше преплашен, а ние останавме во шок кога ги составивме коцките од целата приказна. Тргнал на доктор во француско село во близина на Бордо, а навигацијата го однела во 1.816 километри оддалечената Брела!“, додава соговорникот. Во меѓувреме, Франција се кренала на нозе, а несреќниот дедо бил прогласен за исчезнато лице.
„Сега е на сигурно, напишал веќе 10 страници дневник за својата авантура, а со персоналот на хотелот почна да комуницира и на англиски“, тврди работникот. Тој, како ангел-чувар, му ги зел клучевите од автомобилот и ги чува на сигурно додека не пристигне семејството да го врати дома.
Хотелот сега го штити од новинари
Новинарите на „Слободна Далмација“ се обиделе да направат приказна со Французинот, но биле пречекани со „ладен туш“ од рецепционерката, која рекла дека директорот на хотелот не дозволува никаков разговор со нивниот гостин, бидејќи со него нема никој од членовите на семејството.
-
Дарт Вејдер
699 ден
524.25 ден -
La Linea v2
699 ден
524.25 ден -
Те сакам како пивото
699 ден
524.25 ден -
Добро утро
699 ден
524.25 ден -
Вонземјанин
699 ден
524.25 ден -
Никогаш да не се заборави
699 ден
524.25 ден







