
ШОКАНТЕН ПРЕСВРТ ВО ВАШИНГТОН: Војниците на Националната гарда не се мртви, но се во критична состојба!
Двајца припадници на Националната гарда кои денеска беа застрелани во центарот на Вашингтон се наоѓаат во критична состојба, потврдија директорот на ФБИ, Кеш Пател, и градоначалничката Мјуриел Баузер. Ова доаѓа откако гувернерот на Западна Вирџинија, Патрик Морисеј, претходно изјави дека тие им подлегнале на повредите, но подоцна ја повлече таа изјава поради „контрадикторни извештаи“.
Напаѓачот е уапсен и ранет
-
Dolce & Kafana
699 ден
524.25 ден
„Молиме упатете молитви за тие храбри воини кои се во критична состојба“, изјави Пател. Во престрелката што се случи недалеку од Белата куќа, напаѓачот бил ранет во повратниот оган и уапсен, а неговиот живот не е во опасност. По повод нападот се огласи и претседателот Доналд Трамп.


