во ,

ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 26 НОЕМВРИ: Вагата денес е како „темпирана бомба“, Рибите не се предодредени да се забавуваат

Дознајте дали на вашиот знак дневниот хороскоп ќе му донесе многу среќа.

Астролог Олга Савиќ

ВАГА

Тешки соговорници, а вие едвај успевате да се исконтролирате и да не „експлодирате“. Ќе почувствувате олеснување кога ќе излезете од работа. Разочарани сте од неможноста на партнерот да се вклопи во вашите планови. Сепак, ќе се трудите тоа да не се забележи на вас.

РИБИ

Некој од колегијалното опкружување може да ви помогне да надминете напорна ситуација или да ја завршите работата навреме. Добивте покана за излегување или дружење со пријателите, но обврските околу некој од членовите на домаќинството не ви дозволуваат да се опуштите.

ДЕВИЦА

Денес не сте расположени за работа. Тешко ви е да функционирате, тешко ви е да размислувате, а најтешко ви паѓа да комуницирате со луѓето околу вас. Едвај ќе чекате да завршите со работниот ден и да побегнете дома, најдобро во прегратките на саканата личност.

ШКОРПИЈА

Само со лична сила и самоконтрола успевате да останете мирни. Сепак, ќе сакате што побрзо да „побегнете“ од луѓето кои денес ви се премногу тешки. Емотивниот партнер се труди да ви угоди и да ве расположи, што секако ќе му успее.

ОВЕН

Напнатост во комуникацијата со соработниците ќе биде присутна, најмногу поради притисокот кој можат да го вршат врз вас. Брзање, кратки рокови, сето ова ви носи нервоза. Тешко усогласување е присутно и со саканата личност. Можно е да дојде и до дистанцирање.

БИК

Можете да направите повеќе од она што сте го планирале, но не очекувајте дека тоа ќе биде лесно. Недоразбирања во комуникацијата или тешкотии во договорите. Саканата личност може да ви замери поради зборови или постапки, но вие нема да бидете подготвени да признаете дел од вината.

БЛИЗНАЦИ

Ќе морате да ги промените плановите, бидејќи ништо нема да функционира како што сакате. Присутна е тежина, напорна соработка, а ако морате да направите договор – подгответе се на препреки. Во односот со саканата личност водите „лесни разговори“.

РАК

Некои обврски ви „висат над глава“ и нема да можете да се опуштите додека не ги завршите. А тоа денес ќе биде доста напорно и оптоварувачки за вас. Емотивниот партнер ви недостасува, но никако не успевате да се усогласите што се однесува до времето за средба.

ЛАВ

Малку сте во расчекор со времето, но ќе се трудите да го постигнете она што сте го испланирале. Чувствувате дека деловните ситуации се „закувуваат“, но сметате дека сè уште не е време да реагирате. Со емотивниот партнер потребно е повеќе прилагодување.

СТРЕЛЕЦ

Приведовте крај поголема деловна обврска и чувствувате исцрпеност. Во првиот дел од денот тешко ќе функционирате и најрадо ќе се тргате од напорни луѓе. Сметате дека саканата личност претерува и нема да се двоумите да го покажете своето незадоволство.

ЈАРЕЦ

Можеби денес имате премногу обврски, но се трудите сè да завршите навреме и да не заборавите ништо од она што ви е битно. Ќе бидете побавни, но само за да не направите грешка или пропуст. Ќе ви годат опуштени моменти со саканата личност.

ВОДОЛИЈА

Од вас се бараат брзи реакции и комуникативност, а тоа ќе ви падне посебно тешко. Уморни сте или во некоја форма на енергетски пад и ќе ви треба повеќе напор од вообичаено за да бидете функционални. Одлична комуникација со саканата личност.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ВКЛУЧЕН ЖОЛТ АЛАРМ: Доаѓа циклон со обилни врнежи и драстичен пад на температурите!

Трамп се пишмани за ултиматумот: „Нема рок за Украина, ќе преговараме додека не биде готово“