
Дознајте дали на вашиот знак дневниот хороскоп ќе му донесе многу среќа.
Астролог Олга Савиќ
ОВЕН
Денот е исклучително енергетски силен за вас, но носи и доза на нервоза која најдобро би било да ја канализирате низ физичка активност или работа. Дури и ако ви се чини дека немате сила – потрудете се, ќе се исплати. Можни се комплицирани договори, а поради избрзаност можете да кажете нешто што партнерот погрешно ќе го сфати или ќе се налути.
БИК
Немојте да се потпирате на она „лесно ќе“ – сфатете ги сериозно обврските и фокусирајте се на она што го работите. Финансиски, ќе бидете „со широка рака“ па можете да потрошите повеќе отколку што сте планирале. Сакате блискост и контакт со саканата личност, но постои можност другата страна денес да нема време за вас.
БЛИЗНАЦИ
Денес сте исцрпени – премногу обврски и случувања, а премалку време. Расеаноста може да ве доведе до грешки, па потрудете се подобро да се организирате. Во љубовта – размислувате дали да покажете интерес кон личноста која ви се допаѓа, но сè уште се двоумите.
РАК
Иако од утрото ништо не ви оди мазно и сè бара дополнителен напор, чувствувате внатрешна сила и подготвеност да се борите. Ги анализирате зборовите на партнерот до детали, барате „грешка во чекорите“. Обидете се да бидете помалку сомнителни и повеќе да уживате во моментот.
ЛАВ
Одличното расположение и желбата да блеснете во прв план ќе го обележат денот. Сепак, бидете понежни во комуникацијата – со убав збор ќе постигнете повеќе отколку со командување. Привлекувате внимание каде и да се појавите и тоа ви годи. Дома – убави вести и позитивна енергија.
ДЕВИЦА
Некои планови денес нема да одат според замисленото и најдобро е да ги одложите. Не е вистински момент да форсирате нешто што очигледно не може да се случи сега. Можни се недоразбирања во сообраќајот и во договорите. Во љубовта – воздржете се од критики, партнерот би можел тоа лошо да го протолкува.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден







