во ,

Дневен хороскоп за 8 јануари: Лавовите да не преземаат ништо, Вагите прават грешки на работа

Дневен хороскоп за 8 јануари: Никој не видел вакви Риби, Биковите во тешки маки, а Лавовите добиваат лоши вести

Враќањето во реалноста по празниците ќе биде тешко. Астролозите предвидуваат напорен четврток исполнет со блокади, нервоза и финансиски грижи за речиси сите знаци. Еве што ве очекува:

Овен

Ништо нема да оди лесно и ќе ви треба многу трпение. Чувствувате дека сте при крај на еден напорен период и се надевате на излез од кризата. Емотивно – ве следи незадоволство и нестабилност со саканата личност.

Бик

Се обидувате да воспоставите нормална комуникација, но тоа оди многу тешко. Загрижени сте и за финансиите. Денес повеќе ви одговара друштвото на пријателите отколку на партнерот.

Близнаци

Ве очекуваат променливи ситуации и тешки контакти со соработниците, но сепак ќе успеете да покренете важни прашања. Емотивно – се трудите да ѝ излезете во пресрет на саканата личност и нејзините барања.

Рак

Исклучително исцрпувачки ден со големи промени на расположението. Најпаметно е да се дистанцирате од сите. Не сте расположени за длабоки емотивни разговори.

Лав

Ќе ве загрижат неочекувани вести. Најважно е да не влечете никакви потези денес – пуштете работите да се расчистат сами. Во љубовта постои неразбирање со партнерот.

Девица

Свесни сте дека некои работи останале недовршени. Сега само се надевате на најдоброто. Емотивно – некој ви покажува наклонетост, а тоа прилично ве збунува.

Вага

Најрадо би останале дома. Денот ви паѓа тешко, не сте ажурни и можни се грешки. Во комуникацијата со партнерот владее несклад.

Шкорпија

Го направивте своето, сега само чекате. Неактивни сте на работа. Емотивно – преку глава ви е од барањата и притисоците на партнерот.

Стрелец

Доцнење, недоразбирања и проблеми во комуникацијата. Не форсирајте ништо, бидејќи само ќе ја влошите ситуацијата. Саканата личност ви замерува за однесувањето.

Јарец

Сè изгледа како да оди кон договор, но во последен момент ќе се појават пречки. Емотивниот сегмент не ви е важен денес, преоптоварени сте со работа и пари.

Водолија

Постојат шанси за договори, но условите нема да ви се допаднат. Во љубовта – некој што ви се допаѓа ве игнорира и не одговара на вашите пораки.

Риби

Малку е да се каже дека ви е доста од сè. Таман ќе помислите дека работите тргнале, се појавува нова блокада. Не се нервирајте, ќе помине. Емотивно – чувствувате голем товар.

Сподели:
Есенски Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Зимата покажа заби: Денес се очекуваат снег, дожд и ветер од 60 км/час

Возачи, внимание: Снег го блокираше Ќафасан, а грчки земјоделци ја затворија Меџитлија за камиони