во ,

Дневен хороскоп: Стрелецот е преморен од работа, а јарецот ќе заврши сè предвреме

Дознајте дали на вашиот знак дневниот хороскоп ќе му донесе многу среќа.

Астролог Олга Савиќ

Викенд Намаление

ОВЕН

Супер ден за работа, со една фина и поттикнувачка енергија за вас. Добар за завршување обврски, за договори, за иницијатива. Време е да се активирате во сè што сакате да го придвижите. Ситниците кои денес ги правите за саканата личност се токму оние вистинските.

БИК

Можност за полесно завршување на договор. На нов начин ги согледувате ситуациите и сега ви е полесно да го пронајдете вистинското решение. Со саканата личност – акцентот е на комуникацијата и договорите. Можност за ново, битно познанство.

БЛИЗНАЦИ

Пронаоѓате начин да ги поправите ситуациите кои досега беа во застој. Имате одлични идеи и вистински момент е да ги презентирате. Доста сте ментално и физички исцрпени па би било најдобро вториот дел од денот да го поминете во релаксирачки активности.

РАК

Активни сте денес, на вистински начин подготвени за договори од секаков вид. И тоа како е можно пред вас да се отворат неколку добри ситуации во работата кои ќе ги решите без мака. Добар однос на партнерот и вас. Лесно се вклопувате и добро се разбирате.

ЛАВ

Посебно внимание обрнувате на сè што е врзано за финансиите. Можете да добиете вести за пари кои веќе некое време ги чекате или за отплата на стар долг кон вас. Добар ден за заработка. Некој преку деловниот сегмент покажува заинтересираност за вас.

ДЕВИЦА

Време е сите тие потези кои во претходниот период сте ги повлекле, сега да добијат свој заклучок и реализација. До вас денес доаѓаат добри вести, оние кои менуваат многу работи. Денес умеете на личноста која ја сакате да ѝ покажете поддршка и блискост.

ВАГА

Доброто расположение ќе стане уште подобро кога ќе решите помал финансиски проблем. Иако сте загрижени поради некои ситуации поврзани со работата, ништо не укажува на тоа дека можете да имате проблем. Имате планови со саканата личност, но можно е да дојде до промени.

ШКОРПИЈА

Успевате во последен момент да завршите со нешто што ве оптоварувало или што ви било комплицирано. Ако се надевате на некои приливи, можно е тие да бидат пролонгирани. Ден добар за дружење и интересни нови познанства.

СТРЕЛЕЦ

Пред вас е малку напорен ден и ќе имате повремен впечаток дека нема да успеете да го остварите замисленото. Сепак, сè успешно привршувате кон крајот. Деловниот сегмент ви одвлекува премногу енергија па ќе остане малку простор за саканата личност.

ЈАРЕЦ

Брзо мислите, брзо дејствувате – па не е ни чудо што предвреме ќе завршите сè што сте испланирале за денес. Добар дел од денот денес можете да им го посветите на оние кои ги сакате, без разлика дали се во прашање пријатели или емотивниот партнер. За слободните – пријатно изненадување.

ВОДОЛИЈА

Иако денес може да дојде до непланирани промени, набрзо ќе сфатите дека тие ви одговараат. Доаѓа до решавање на бирократски проблеми кои ви беа оптоварување. Малку сте уморни, па избирате домашна варијанта за средба со саканата личност.

РИБИ

Вистински момент е да направите добри договори или да завршите бирократски прашања. Денес многу работи ви одат од рака – искористете ја оваа енергија да ги затворите прашањата кои ви се важни. Емотивно – добро разбирање и вистински, отворени разговори.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Новата сајбер-војна е веќе тука, а се вика „труење“ на вештачката интелигенција

Јамајка е под вода, 500.000 луѓе се во мрак, „Мелиса“ сега оди кон Куба