во ,

„Добра ноќ“ за наредните 60 дена: Градот што нема да види Сонце до 2026 година!

Уткијагвик, најсеверниот град во САД, официјално влезе во период на поларна ноќ, природен феномен за време на кој Сонцето не изгрева над хоризонтот повеќе од два месеци.

Следното утро што ќе го видат жителите на ова арктичко гратче се очекува дури на 22 јануари 2026 година. Сместен на северниот брег на Алјаска, градот (порано познат како Бароу) брои околу 4.400 жители кои се навикнати на овие екстремни услови. Иако сега се во целосен мрак, тие се потпираат на пригушен самрак кој трае неколку часа дневно, како и на спектакуларната Аурора Бореалис.

Супер Попуст -25%

Зошто е важна поларната ноќ?

Овој феномен е последица на наклонот на Земјината оска. Долгата темна сезона директно влијае на формирањето на поларниот студен вител, огромна маса на ладен воздух која ги диктира временските обрасци и зимите во Европа, Русија и Северна Америка. Слично на Уткијагвик, и архипелагот Свалбард во Норвешка минува низ долг мрачен период кој трае се до средината на февруари.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

„Франкенштајн млеко“ стигнува во маркетите: Се прави во лабораторија, а има ист вкус како кравјото!

Најдобриот домашен рецепт за бајадера: Чоколаден колач што се топи во уста!