во ,

Драма во Вашингтон, 820 летови стојат поради закана за бомба

Сите летови на аеродромот „Роналд Реган“ во Вашинготн во моментов се суспендирани поради закана за бомба на еден лет!

Вонредна безбедносна состојба е прогласена во 11:30 часот по источноамериканско време, а погоден е лет кој слетал од Хјустон, кој е брзо опколен со возила на итните служби.

Патниците кои останале на пистата рекле дека заканата за бомба била на летот на компанијата „Јунајтед“ (United) од Хјустон, пренесува „Daily Mail“.

Хаос на небото, 820 летови погодени

Радарските податоци за летовите околу аеродромот покажуваат како неколку авиони кружат над аеродромот за време на застојот на сообраќајот, додека други се пренасочени на други локации.

Околу 820 летови се погодени од суспензијата на сите летови на овој аеродром. Максималното доцнење е 66 минути, а просечното е 33 минути.

Суспензијата влијаеше на летови од повеќе регионални центри на воздушниот сообраќај, вклучувајќи ги оние што ги надгледуваат Њујорк, Вашингтон, Атланта, Кливленд, Бостон и Индијанаполис, се вели во предупредувањето.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Лажните вести потонаа: Се појави снимка од крајот на концертот на Цеца во Велес

Тој е помлад од ќерка ѝ: Мадона (67) ја планира свадбата со 29-годишното момче