
Насилство, солзавец и уништени улици во Тирана
Демонстрантите ги обвинуваат властите за корупција и занемарување на образовниот систем. Дополнителен револт предизвика продажбата на атрактивни делови од јужното албанско крајбрежје за изградба на луксузно одморалиште – проект поврзан со зетот на Доналд Трамп, Џаред Кушнер.
-
La Linea v8
699 ден
524.25 ден
Улиците во главниот град беа преплавени со запалени канти за отпадоци, уништени автобуски постојки и скршени семафори. Ескалацијата на насилството доведе до сериозни инциденти:
- Демонстрантите фрлаа камења, палеа огнови, поставуваа барикади, па дури и упаднаа во банка.
- Полицијата одговори со солзавец, шок-бомби и водени топови за да ја растера толпата на плоштадот „Скендербег“.
- Насилството се прошири низ целата земја – протести се одржуваат во Драч, Елбасан, Кукеш, Валона и во Скадар, каде што тешко бил повреден полициски командант.
Рама: „Оставката би била предавство кон Албанците“
Протестите, кои претставуваат најголем предизвик за Рама во неговиот четврти мандат, доведоа и до откажување на собраниската седница. Иако изрази подготвеност да разговара за проблемите во образованието, албанскиот премиер останува дециден дека нема намера да се повлече од функцијата.
„Моја одговорност е да слушам, да одговорам на оправданите грижи и да ја движам Албанија напред. Сè друго би било предавство кон Албанците, кои ми дадоа силен мандат да ги завршам преговорите за членство во Европската Унија“, изјави Рама.


