
Замина легендарната ББ: Почина Брижит Бардо на 91-годишна возраст

-
Добро утро
699 ден
524.25 ден
Светот на филмот и културата е обвиен во црно. Фондацијата „Брижит Бардо“ соопшти дека денес, на 91-годишна возраст, починала славната француска актерка Брижит Бардо. Родена во Париз, таа беше апсолутен симбол на францускиот шарм и сексапил во 50-тите и 60-тите години, стекнувајќи светска слава со култниот филм „И Бог ја создаде жената“ (1956).
Од секс-симбол до најголем заштитник на животните
Бардо остави неизбришлива трага не само како актерка, модел и пејачка, туку и како неуморен активист. По повлекувањето од филмската индустрија, таа го посвети целиот свој живот и енергија на борбата за правата на животните, основајќи фондација која стана нејзин главен животен фокус. Со нејзиното заминување, светот губи една од најпрепознатливите личности на модерната ера.


