во ,

Сончево, но ладно: Дневниот максимум ќе достигне до 12 степени

Денеска (понеделник) имаме типично зимско време – ведро и многу студено утро, проследено со сончев ден.

Според УХМР, денот ќе биде сончев со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој помага воздухот да остане релативно чист, но го зголемува студот.

Супер Попуст -25%

Температури: Минималните утринава беа во интервал од -9 до -2, а максималните дневни ќе се движат од 5 до 12 степени.

Во Скопје, утрово беше исклучително студено со -6 степени. Во текот на денот ќе биде сончево со максимални 6 степени.

📉 Што нè чека до крајот на неделата? Следува период на стабилно и суво, но ледено време.

Утринските температури насекаде ќе бидат негативни, а на одредени места ќе паднат и до -10 степени.

Северниот ветер ќе продолжи да дува повремено засилено.

Добрата вест е што ќе има сонце во текот на денот, па нема да биде тмурно и магливо.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Збогум ББ: Почина легендарната француска актерка Брижит Бардо

Дневен хороскоп за 29 декември: Кој ќе банкротира ако денес го отвори паричникот?