
Тензии меѓу сојузниците и стравот од руско зајакнување
Во своето најново интервју за Си-Ен-Ен, Зеленски јасно стави до знаење дека неговите критики кон американската политика немаат лична заднина, туку се засноваат исклучиво на стратешките интереси за одбрана на Украина. Односите меѓу САД и Украина нагло се влошија во изминатите неколку недели, особено откако Трамп склучи договор со рускиот претседател Владимир Путин за дизел гориво и ги укина санкциите кон Русија.
-
La Linea v14
699 ден
524.25 ден
Дополнителен удар за Киев претставуваат и извештаите дека основачот на „СпејсИкс“, Илон Маск, наредил ограничување на брзината на сателитската интернет услуга „Старлинк“, која е од витално значење за операциите на украинската војска на фронтот. Поради овие потези, Зеленски оцени дека Трамп се наоѓа на „погрешната страна од историјата“.
Средбата во Осло не го убеди Зеленски во мирот на Путин
И покрај затегнатите односи, украинскиот претседател истакна дека неговата неодамнешна средба во Осло со американскиот преговарач Стив Виткоф била продуктивна. Сепак, тој останува длабоко скептичен околу подготвеноста на рускиот претседател за вистински мир и компромис.
„Мојот став кон Путин е апсолутно јасен. Верувам дека ако ги укинеме санкциите, ќе го направиме и него посилен. Ова не е нешто лично меѓу мене и претседателот Трамп и секако сум против какво било укинување на санкциите. Ако му дадете нешто на Путин, тој ќе бара сè“, дециден е Зеленски, апелирајќи до западните партнери да не ѝ даваат можност на Русија да ја обнови својата моќ.


