
Најлошото нешто што можете да му го направите на сирењето е да го замрзнете, предупредуваат експертите.
Според Стив Марко од компанијата „Tillamook“, кога сирењето се замрзнува, влагата во него се претвора во ледени кристали кои ги уништуваат структурите на мастите и протеините. Резултатот по одмрзнувањето е променет вкус, побрза оксидација и зрнеста текстура која се рони, бидејќи оштетените протеини испуштаат масло. Колку повеќе влага има сирењето, толку полошо ќе поднесе замрзнување.
Како правилно да се чува?
-
La Linea v1
699 ден
524.25 ден
За да трае подолго (дури и до една година ако е неотворено и нема мувла), сирењето треба да се чува во оригиналното пакување, во најстудениот и најтемниот дел на фрижидерот. Сечете само онолку колку ви треба со чист нож.
Исклучок: Ако веќе сте го замрзнале, не го фрлајте. Таквото сирење не е добро за мезе, но е сосема безбедно и вкусно за готвење или печење (на пример во лазањи), каде што промената на текстурата нема да се забележи.


