во ,

Зошто често бегаме од Бога, мислејќи дека е крадец? Оваа мудра приказна го дава одговорот…

Една вечер, еден човек одеше сам по мрачен пат. Во далечината пред себе, здогледа силуета на друг човек и си помисли: „Овој сигурно е крадец. Ќе одам побрзо за да видам што прави.“

Човекот го забрза чекорот, но забележа дека и човекот пред него почна да оди побрзо.

Супер Попуст
Банер

Тогаш почна да трча. И другиот човек почна да трча.

„Сигурен сум, ова е крадец!“, си рече и почна да вика на цел глас: „Стој, крадецу! Стој!“

Човекот пред него застана. Кога му се приближи и го виде неговото лице, остана вчудовиден. Тоа беше неговиот татко.

Го праша: „Тато? Зошто бегаше од мене?“

Таткото му одговори: „А зошто ти трчаше по мене?“

Синот рече: „Мислев дека си крадец.“

„И јас мислев дека си крадец“, му возврати таткото.

Колку пати во животот бегаме од Бога, мислејќи дека Тој е „крадец“ кој сака да ни ги земе здравјето, имотот или среќата? А Тој е, всушност, нашиот Татко.

Колку пати Бог бега од нас, затоа што ние се однесуваме како крадци, мислејќи дека сè ни припаѓа нам?

Кога имаш проблем, не бегај од Бога. Застани и сврти се кон Него.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Автомобилска Пепелашка: Заборавеното Porsche што вреди цело богатство

TCL го претстави таблетот што се чувствува како хартија