во

Изборен молк во Србија: Забранета секаква политичка кампања до недела во 20 часот

На полноќ во Србија стапи во сила изборниот молк пред вонредните парламентарни избори закажани за в недела. Строгите правила ќе важат сè до затворањето на гласачките места во 20 часот.

Строги правила за партиите и медиумите

Во овој период од 48 часа пред гласањето, како и на самиот изборен ден, строго е забрането спроведување на изборна кампања и каква било активност насочена кон влијание врз изборната волја на граѓаните. Главната цел е да им се овозможи на гласачите да ја донесат својата одлука без дополнителни политички притисоци.

Супер Попуст -25%

Според Законот за избор на народни пратеници, медиумите и учесниците во изборниот процес не смеат јавно да објавуваат оценки за изборните резултати, да ги претставуваат кандидатите и нивните програми, ниту да ги повикуваат граѓаните да гласаат или да не гласаат за одредени изборни листи.

Битка за 250 пратенички места

На овие вонредни парламентарни избори на 25 октомври, граѓаните на Србија ќе изберат 250 пратеници кои ќе го сочинуваат новиот состав на парламентот. Во изборната трка учествуваат вкупно 18 изборни листи, од кои осум припаѓаат на партиите на националните малцинства во земјата.

Според досегашните анкети, како главни фаворити на изборите се издвојуваат листата предводена од Александар Вучиќ – „Обединета Србија“ и Студентската листа – „Студентите победуваат“, кои нудат две целосно спротивставени визии за иднината на државата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

„Вучиќ го викаме Оскар“: Објавени нови преписки од апликацијата „Скај“ за наводни врски на криминалните кланови со државниот врв