
Надлежните служби и противпожарните екипи продолжуваат со интервенциите на терен за справување со огнената стихија која зафати повеќе општини низ државата.
Локации на активните пожари
-
Балтазар
699 ден
524.25 ден
Според извештајот на ЦУК, во моментов активни се пет жаришта на следните локации:
- На потегот меѓу селата Моране, Вртекица и Рамни Габер во општина Студеничани.
- Кај месноста викана Видуш во општина Македонски Брод.
- Кај селото С’лп (м.в. Горно Село) во општина Велес, со проширување кон селото Карабуњиште и селата Добрино и Тисовица во општина Зелениково.
- Кај селата Копанце и Туденце во општина Јегуновце, со опасност од проширување кон селото Бојане во општина Сарај.
- Кај селото Ломница во општина Врапчиште.
Пожари ставени под контрола
Добра вест е што благодарение на брзата интервенција на екипите на терен, три пожари се успешно локализирани и ставени под контрола.
Под контрола се пожарите меѓу селата Алданци и Норово во општина Крушево, кај селото Конопница во општина Крива Паланка, како и на потегот меѓу селата Борино и Житоше, исто така во општина Крушево.


