во , ,

Импресивни резултати во борбата со дрогата: Запленети се 430 кг наркотици и 6 тони марихуана

„Во изминатата година разбивме 14 организирани криминални групи, со над 200 сторители.“

„Меѓу нив и брутална група која беше вмешана во девет убиства, изнуди и напади врз полицијата.“ Ова е доказ дека државата си ја враќа силата и нема да толерира насилство. Ова го рече министерот Панче Тошковски на прес-конференција во Владата.

Борба против дрогата и криминалот

Тој ги презентираше резултатите на МВР во изминатата година. Владата и МВР, посочи тој, нема да седат со скрстени раце додека криминалот ги уништува животите. Тошковски наведе дека во борбата против дрогата откриле над 860 кривични дела.

Реклама

Запленети се над 430 килограми наркотици, меѓу кои и рекордни количини кокаин. Спречени се и три обиди за меѓународен шверц. Исто така, откриени се и злоупотреби кај компании за канабис. Од нив се одземени над шест тони марихуана.

Кривични пријави за корупција тешка 17 милијарди денари

„Ова покажува дека нема недопирливи и дека правдата ќе стигне до секого,“ рече Тошковски. Во делот на корупцијата, тој потенцираше дека не молчеле. Поднесени се кривични пријави против 107 физички и 18 правни лица.

Коруптивните шеми биле во здравството, енергетиката и даночниот систем. Штетата на државата изнесува над 17 милијарди денари. „МВР презема дејствија со кои се надевам дека овие пари ќе бидат вратени на граѓаните,“ рече тој.

Незадоволство од безбедноста во сообраќајот

Во однос на сообраќајот, министерот рече дека не е задоволен од состојбата. „Има напредок, има намалување на тешките несреќи, но сè уште премногу луѓе гинат на улиците,“ наведе тој. Тој најави подобрување на функционалноста преку проектот „Безбеден град“.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Хорор во Тексас: Христијанскиот камп претворен во хорор приказна, поплавите однесоа 24 животи, се трага по 23 девојчиња

Далај Лама: Се надевам дека ќе живеам до 130 години, а мојот наследник ќе го изберам јас, а не Кина