
Познатата пејачка Александра Пријовиќ открила непријатен инцидент кој се случил за време на еден од нејзините настапи, кога се соочила со агресивна обожавателка. Пријовиќ, која важи за една од најпопуларните и најпосетувани пејачки во регионот, сподели дека на еден од настапите дошло до вербален конфликт што кулминирал со физички контакт.
-
Дарт Вејдер
699 ден
524.25 ден
„Цела вечер ме навредуваше, а кога поминав покрај неа, ме плукна пред сите. Видов дека е пијана, но не можев да издржам и тогаш реагирав – ја удрив,“ изјави Пријовиќ во телевизиско интервју, што го изненади целото студио.
Иако нејзините настапи обично се исполнети со емоции и топли моменти, овој инцидент покажува дека дури и најголемите ѕвезди понекогаш се соочуваат со непријатни ситуации.


