во ,

Како да направите супа покремаста од кадифе за само 20 минути

Крем-супата од печурки е едно од оние јадења што ја греат душата.

Богата, нежна, кадифена и полна со вкус, а со парче крцкав леб одозгора – уште поубава. Овој рецепт е совршен за студените есенски и зимски денови, а најдобро од сè е што е готов за помалку од половина час.

Состојки:

  • 400 гр шампињони (свежи)
  • 1 помала главица кромид
  • 1 чешне лук
  • 2 лажици путер (или масло)
  • 2 лажици брашно
  • 600 мл вода или супа (бујон)
  • 150 мл павлака за готвење (или млеко)
  • Сол и бибер по вкус
  • Малку леб или препечен тост (крутони) за сервирање

Подготовка:

  1. Исечкајте ги ситно кромидот и лукот, а печурките на тенки листови.
  2. Во длабоко тенџере загрејте го путерот, додадете го кромидот и кратко пропржете го додека да стане стаклест.
  3. Додадете ги печурките и динстајте ги додека не ја пуштат својата вода и таа речиси целосно не испари.
  4. Посипете со брашното, промешајте брзо за да се направи блага запршка (околу 1 минута).
  5. Постепено додавајте го бујонот или водата, мешајќи постојано за да не се создадат грутки.
  6. Гответе 10-15 минути на тивок оган.
  7. Тргнете го тенџерето од оган и со рачен блендер (пасатор) измиксајте ја супата додека не добиете целосно мазна и кремаста текстура.
  8. Вратете го тенџерето на рингла, додадете ја павлаката за готвење, зачинете со сол и бибер по вкус и оставете да проврие уште една минута.
  9. Послужете ја топла, а одозгора наросете со крцкави крутони.
Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Од бездомничка до манекенка: 9-годишната Махраба е новата Наталија Водијанова

По скапата банана, уметникот сега продава и златен тоалет од 18 карати