во ,

Како се менуваат работите…

Еден ден, дедото се шетал со внукот, а тој љубопитно го запрашал: „Дедо, колку си ти стар?“ Тој му одговорил: „Почекај да се сетам…кога јас..
…се родив, никој немаше телевизор. Не постоеше замрзната храна, ниту пак микробранова печка.

Немаше антибеби пилули, ниту кредитни картички.

Супер Попуст -25%

Никој немаше компјутер дома, мобилни телефони воопшто, по некој фиксен телефон.

Никој немаше машина за перење садови, а алиштата се сушеа надвор на жица на ветрот.

Секоја недела одевме во црква, во петок се јадеше риба, на скијање не сме носеле кацига и скафандер и мотор сме возеле без заштита.

Секоја недела дома се печеше колач, а купувавме слатки на парче за ситни пари.

Кока-кола купувавме за 15 денари, си игравме многу на снегот полуоблечени, а дома се греевме на дрва и јаглен.

Ретко кој имаше сопствен автомобил, а жените со возачка дозвола се броеја на прсти.

Детски градинки не постоеја. Немаше ни СИДА. Секое семејство живееше со бабата и дедото.

Made in Japan значеше евтино и неквалитетно, не се правеше разлика меѓу CD, DVD, mp3…

Шевролет средна класа чинеше 1500 евра, навечер заедно сите слушавме радио…

Што мислиш внучко, колку може да сум стар?“

Неверојатно, но, вистинито – јас имам 60 години!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Сигурно е козата на Зорица Брунцлик

Ах ова не ми требаше