во

КАТАСТРОФА ВО ЈАПОНИЈА: Рекордни дождови однесоа четири животи, 7.000 патници заглавени на аеродром!

Рекордни врнежи ја зафатија Јапонија, предизвикувајќи катастрофални поплави, прекини во сообраќајот и сериозни проблеми со електроснабдувањето. Во водената стихија најмалку четири лица го загубија животот, а по едно лице сè уште интензивно се трага.

Во делови од префектурата Чиба, која се наоѓа во непосредна близина на Токио, за само 24 часа наврнале повеќе од 360 милиметри дожд. Водата целосно ги поплавила патиштата и железничките линии, и тоа токму во период кога земјата е во еден од најфреквентните празнични периоди во годината. Поради сериозноста на ситуацијата и загрозеноста на населението, јапонските власти ја вклучиле и армијата во спасувачките активности.

Хаос на меѓународниот аеродром Нарита

Супер Попуст -25%

Особено тешка била состојбата на меѓународниот аеродром Нарита. Поради прекините во транспортните врски и неможноста да се стигне до градот, околу 7.000 патници останале заглавени во терминалите. Снимките на јапонската јавна телевизија NHK покажале стотици исцрпени патници како спијат на подовите, покриени со ќебиња и снабдени со вода и храна од аеродромскиот персонал.

„Ова е целосно невообичаена ситуација. Учествував во санирање на многу катастрофи, но никогаш не сум доживеал нешто слично,“ изјави видно потресениот гувернер на Чиба, Тошихито Кумагаи.

Илјадници без струја, патиштата блокирани

Невремето предизвикало колапс и со снабдувањето со електрична енергија. Според податоците на „Tokyo Electric Power“, над 22.000 домаќинства останале без струја. Во градот Чиба, едно од најпогодените подрачја, стотици луѓе ја поминале ноќта во привремени центри за евакуација.

Поплавите довеле и до затворање на повеќе главни автопати во префектурата, поради што на алтернативните правци се создале километарски колони. Дел од железничкиот сообраќај сè уште е во прекин, иако надлежните успеале повторно да оспособат некои од клучните линии меѓу Нарита и Токио.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ЕТНА НЕ СТИВНУВА СЕДМИ ДЕН: Невообичаено долга ерупција каква што не е видена од 70-тите!

ДРАМА НА ЛЕТОТ НА „РАЈАНЕР“: Парчиња од мотор скршија прозорец, патник од Србија за малку ќе излеташе од авионот!