
Необичен случај на плажа во Сицилија прерасна во голема полициска истрага, откако од глисер биле фрлени запечатени пакети со вкупно 665.000 евра во готовина.
-
Бетмен силуета
699 ден
524.25 ден
Инцидентот се случил во близина на Казуце, приморско место во општината Санта Кроче Камерина, недалеку од Марина ди Рагуза.
Глисерот, кој наводно пристигнал од Малта, останал без гориво и почнал неконтролирано да се приближува кон брегот.
Капачите ја повикале крајбрежната стража
Луѓето на плажата го забележале пловилото во неволја и ги известиле италијанските служби, иако никој од патниците официјално не побарал помош.
Двајца од тројцата возрасни патници веќе стигнале до брегот за да побараат гориво, додека третиот останал на глисерот.
Кога патролниот брод на крајбрежната стража почнал да се приближува, од глисерот биле фрлени повеќе водоотпорно затворени пакети.
🤑🇮🇹 Des vacanciers ont eu la surprise de trouver des sacs Lidl remplis de billets de banque sur une plage sicilienne. La somme ? Près de 700 000 euros. pic.twitter.com/GDCyDzHisj
— franceinfo (@franceinfo) August 1, 2026
Банкнотите запливале кон плажата
Морските струи ги однеле пакетите кон брегот, каде што капачите забележале дека во нив има банкноти во различни апоени.
Дел од присутните влегле во водата за да ги соберат парите, по што на плажата настанала вистинска мешаница.
Крајбрежната стража, со помош на капачите, ги извлекла пакетите од морето. Потоа пристигнале полицијата, карабинерите и финансиската полиција, кои го обезбедиле подрачјето.
Пари во кеса од „Лидл“
Според извештаите на малтешките медиуми, запечатените банкноти биле ставени во кеса од „Лидл“ и во кеса со ознаки од малтешкиот производител на доматно пире „Three Hills“.
По пребројувањето, истражителите утврдиле дека запленетата готовина изнесува околу 665.000 евра.
Парите биле одземени за понатамошна анализа, а обвинителството во Рагуза отворило истрага за да утврди од каде потекнуваат и за што биле наменети.
Тројцата патници пријавени, глисерот запленет
На глисерот се наоѓале тројца возрасни мажи од Малта. Италијанските служби ги идентификувале, административно ги санкционирале и ги пријавиле до надлежното обвинителство.
Нивната правна положба сè уште се разгледува, а засега не е објавено дека се формално уапсени или обвинети за конкретно кривично дело поврзано со потеклото на парите.
Пловилото било одвлечено во пристаништето и запленето. Специјализирани екипи треба да го прегледаат за да утврдат дали во него има дополнителни докази.
Мистеријата допрва треба да се реши
Истражителите проверуваат зошто толкава сума во готовина била пренесувана по морскиот пат меѓу Малта и Сицилија.
Засега нема официјален одговор дали парите се поврзани со нелегална трговија, перење пари или со друга активност.
Обвинителството во Рагуза треба да го утврди потеклото на готовината, нејзината крајна дестинација и причината поради која пакетите биле фрлени во морето при пристигнувањето на службите.
-
Дарт Вејдер
699 ден
524.25 ден -
Никогаш да не се заборави
699 ден
524.25 ден -
La Linea v12
699 ден
524.25 ден -
La Linea v14
699 ден
524.25 ден -
Добро утро
699 ден
524.25 ден -
Бетмен силуета
699 ден
524.25 ден







