
Шокантна изјава на Медведев: „Киднапирањето на Мерц би бил одличен пресврт“
Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев предизвика бура со својата најнова изјава, велејќи дека по примерот на американската акција во Венецуела, може да замисли сценарио за киднапирање на западни лидери. Како конкретна „цел“ го посочи германскиот канцелар Фридрих Мерц, кого го нарече „неонацист“. „Киднапирањето на Мерц би можело да биде одличен пресврт во овој карневал на настани“, изјави Медведев за ТАСС, додавајќи дека такво сценарио не е нереално.
„Законот на најсилниот“: Трамп ги сака ресурсите на другите
-
Насмевката на музиката
699 ден
524.25 ден
Коментирајќи ги случувањата во Венецуела, Медведев оцени дека постапките на Доналд Трамп се нелегални, но „конзистентни“ во одбрана на американските интереси, особено нафтата. Тој заклучи дека Вашингтон се води од принципот „lex fortissimum“ (законот на најсилниот), третирајќи ја Латинска Америка како свој двор за црпење ресурси.


